„Твоето лице звучи познато“ во ОУ „Св. Климент Охридски“

Крајот на наставната година учениците од ОУ „Св.Климент Охридски“ Охрид го одбележаа во добро расположение, со игра и песна. Тие организираа шоу програмата „Твоето лице звучи познато“ каде што учениците имаа одлични имитации на познати домашни и светски ѕвезди и хитови, при што се потрудија да ја доловат атмосферата на оригиналните спотови копирајќи ја сценографијата, костимографијата и кореографијата.

„Така денес во дворот на училиштето имавме можност да ги видиме Жељко и Даниел, Little Mix со хитот Wings, Watch me – Silento, Pharrell Williams со Happy, Happy, Даниел Кајмакоски, Bruno Mars со Lazy Song и други.“- информираат од училиштето.

?

„На учениците им посакуваме успешни резултати на екстерното тестирање кое ги очекува утре, утре (10ти јуни), а потоа добро да се одморат во текот на летниот распуст.“- велат од училиштето.

?