Градоначалникот на македонско-чешкиот форум: Охрид и Македонија ги имаат сите предуслови за равој на успешни бизниси

Градоначалникот Никола Бакрачески во улога на домаќин се обрати на македонско – чешкиот бизнис форум што денеска се одржува во Охрид а на чие отворање присуствуваа македонскиот и чешкиот претседател Ѓорге Иванов и Милош Земан.

Пред стопанствениците од Македонија и Чешка градоначалникот Бакрачески истакна:

„Среќен сум што овој Макодонско – Чешки бизнис форум се одржува во нашиот преубав Охрид. Градот кој е од голема историска важност за регионот, Европа и Светот. Град кој ги поврзува Македонскиот и Чешкиот народ преку сесловенските просветители браќата „Кирил и Методиј“, кои ги исцртаа контурите на поврзаноста на двата народи, кои подоцна се развија во пријателски односи, што придонесе во градењето на силна културолошка, историска, политичка, дипломатска и бизнис соработка. Токму таква, бизнис соработка ние како град неодамна реализиравме со Чешката компанија „ИЦС Системи“ со која воспоставиме партнерски однос во делот на јавното осветлување во Охрид, за што сметам дека го направивме вистинскиот избор и сум особено горд на тоа. Исто така уште една успешна македонско – чешка соработка е соработката помеѓу реномираниот Прашки Факултет за филмска уметност ФАМУ и Македонскиот институт за филмска уметност со седиште во ОхридСо доаѓањето во Република Македонија имавте можност да видите дел од убавините со кои располага нашата земја, а со престојот во Охрид се надевам дека ќе имате можност да почувствувате дел од богатото културно историски и природно наследство со кои располага овај древен град, кој што помеѓу светската јавност е познат како „Балкански Ерусалим“. Се претпоставува дека Охрид е едно од најстарите населени места во Европа со 7000год историја на континуирано организиран човечки живот во заедница, за што сведочат остатоците пронајдени во 250-те археолошки наоѓалишта во градот и околината. Охрид е град на 365 цркви, по една за секој ден од годината. Градот и езерото се врбројуваат во светското културно и природно наследство на УНЕСКО уште од 1980г. Охридското езеро е најстарото и едно од најдлабоките езера во Европа во кое живеат повеќе од 100 ендемски видови на флора и фауна. Се смета за најголемито резервоар на пиечка вода во Европа, бидејќи без сомнение е најчистото езеро кое био кога сте го виделе.Заради сето ова локалната самоуправа го етаблира туризмот како водечка стопанска дејност во градот. Поддршката која ја дава Република Македонија и градот Охрид преку субвенционирање на ТУР ОПЕРАТОРИТЕ за воведување на директни летови до некој од македонските аеродроми ги даде и очекуваните резултати. Такви летови се реализираат и на охридскиот аеродром. Во моментов имаме директна авионска поврзаност со Лондон, Базел, а од јуни оваа година ќе стартува и авио линијата со Белград која ќе се одвива три пати неделно. Од друга страна почнувајќи од крај на Април па се до средина на Октомври кон охридскиот аеродром има постојани чартер летови од Амстердам, Брисел, Тел Авив кои носат туристи од овие држави. Оддалеченоста помеѓу аеродромот и градот е само 7км или 10 минути со возило, а одалеченоста од главниот македонски аеродром „Александар Велики“ до Охрид е само 2 часови. Ваквата местоположба и конекција претставува одлична можност за тур операторите и искрено се надевам дека и чешките туристички работници ќе ја препознаат и ќе ги искористат поволностите кои ги нудиме во областа на туризмот. Како што напоменав претходно, совршената географска положба на Охрид, отвора можност и за алтернативните видови на туризам на кои ние сме вистински посветени во развивањето на потребната инфраструктура и поддршката за промоција на овај вид туризам. Активниот туризам кој го нуди Охрид во сферата на нуркањето, рибарењето, едрењето и кајакарството во широките бистри езерски води, велосипедизам, пешачењето, алпинизмот, јавањето, спелеологијата и параглајдерството помеѓу планинскиот масив Галичица и крајбрежјето на Охридското и Преспанското езеро и руралните предели од градот, ниту во еден момент не може да ја потисне моќта беспоштедно да се предадете на живописноста, енергијата и раскошот и секако да Ве задолжи повторно да бидете наши гости. Поволната клима кој ја има Охрид, со благи зими и не многу жешки лета, постојаната циркулација на свеж воздух и преку 250 сончеви денови во годината, но и развиената мапа на здравствени институции и високото ниво на едукација на здравствениот персонал, го поставуваа градот Охрид на висока позиција во регионот во областа на можностите што ги нуди за развој на здравствениот туризам. Во план на државата е и отворање на слободни здравствени зони во кои заинтересираните странски медицински центри ќе можат да инвестираат и да применуваат нови методи и постапки. За инвеститорите во овие зони Владата на Република Македонија предвидува низа даночни и царински ослободувања. Исто така поволните климатски услови, адекватната надморска височина на градот , како и одличната спортска и хотелска инфраструктура со која располага градот е погодна за развој на спортскиот туризам што придонесува голем број на реномирани спортски тимови од целиот регион своите подготовки да ги поминат токму овде во Охрид. Охрид во изминативе години бележи постојан тренд пораст на бројот на гости кои го посетиле но и раст на бројот на остварени ноќевања. Само за пример во 2015 година Охрид го посетиле приближно 300 000, а биле остварени повеќе од 800 000 ноќевања. Секако во овие бројки пратиципираат и чешките гости. Првичните прогнози за оваа година не наведуваат да веруваме дека минатогодишните бројки ќе бидат надминати, а ние сакаме и бројката на чешки гости кои ќе го посетат градот да биде зголемена. Охрид покрај туризмот, ги развива и другите индустрии. Тоа најдобро може да го потврди и чешката компанија ИЦС Системи со која имаме одлична соработка. Од неодамна за инвестирање во Охрид одлука донесоа и две големи германски компании „ОДВ Електрик“ и „Костал“. Компанијата „ОДВ Електрик“ својата инвестиција ја започна во една од постојните хали во Охрид, додека во текот на оваа година ќе го продолжат своето производство во новоизградените лоцирани во Технолошко индустриската развојната зона која се наоѓа непосредно до охридскиот аеродром. Компанијата „Костал“ веќе привршува со подготовките и регрутацијата на кадар и во наредните месеци очекуваме и официјално да започне со работа. радот Охрид прави значаен напор во подобрувањето на бизнис климата. Инвестирањето во подобрувањето на патната инфраструктура, како и финансирањето на обуки за кадар от кој се бара во моментот на пазарот на трудот се само мал дел од тоа што го нудиме како град и држава. Инвестирањето во ТИР зоната нуди низа поволности и олеснувања.Како град имаме изработено и онлајн платформа „ВЕБ ГИЗ ПЛАТФОРМА“ од која можат да се добијат информации за поволностите и капацитетите во кои може да се инвестира во Охрид. Се надевам дека овие информации се доволно добра основа за да се размисли да се поведе иницијатива пред телата на управување и менаџментите на Вашите компании за создавање на можности за отпочнување бизнис во Охрид и Македонија. Република Чешка има голем удел во развојот на овие простори во секој поглед, демократски, општествен, културен и економски. Се надевам дека и нашата генерација ќе ги продолжи овие традиции на взаемна помош и соработка на сите полиња – рече Бакрачески.

Претседателот на државава Ѓорге Иванов, рече дека во наредниов период двете земји треба да ја интензивираат економската соработка.

Како особено значајна за двете држави се смета соработката во енергетскиот сектор , а особено обновливите ресурси, развојот на малите хидроцентрали, ветерните електрани, сончевата енергија, геотермалните технологии , рударството. Посебен интерес постои и во областа и во областа на металната и електро- индустријата, во автомобилската индустрија за поврзување на македонските производители со чешки компании , хемиската индустрија, животната средина, земјоделстволто и прехранбената индустрија. Владата на Република Македонија континуирано работи на подобрување на бизнис климата како и на олеснување на условите за инвестирање. Нашата стратешка географска положба , како и моќноста за слободна трговија со земјите од поширокиот регион , овозможува да бидеме атрактивни за компании кои се заинтересирани да оперираат во регионов. За жал нивото на чешки инвестиции во Македонија е многу мало“– посочи Претседателот Иванов.

Претседателот на Чешката Република, Милош Земан ги повика неговите граѓани со укажување дека треба да ги заменат традиционалните дестинации и повеќе да ја посетуваат Македонија.

„Македонија е неверојатно убава земја и туризмот е еден вид индустрија и ако зброуваме за туризмот од ова гледиште да не заборавиме дека тардиционалните дестинации како Египет па дури и Грција се под закана на мегународен тероризам особено Египет значи треба да се заменат овие дестинации за Македонија,“ истакна Претседателот Земан.

Годинава трговската размена меѓу Македонија и Чешка пораснала за 5 %. Од македонско чешкиот бизнис форум се очекува да произлезат конкретни договори за соработка и инвестиции во земјава.

Mak_ces_biznis_forum_100610164852