Програма Гаранција презентирана во Охрид

Постојан квалитет и точна количина на горивата што се продаваат на бензинските станици со брендот ОКТА, е резултатот од шестмесечните проверки кои се спроведуваат со Програмата Гаранција.

Денес програмата беше официјално презентирана и пред охридската јавност. Присутните на настанот имаа можност да се запознаат со целиот процес на контроли и анализи што се изведуваат во рамки на програмата, а со тоа се гарантира квалитетот и количината на ОКТА горивата.

„Досегашните резултати од спроведувањето на Програмата Гаранција покажаа стабилност во квалитетот и количината на горивата достапни на сите ОКТА бензински станици. Ова ни овозможи да ја потврдиме и зацврстиме довербата кај нашите потрошувачи и нè мотивира да продолжиме да ја спроведуваме програмата и понатака. Сега тие знаат дека секаде каде што ќе го видат знакот „Проверено”, контролата е направена до последна капка“, изјави Јанис Геруланос, Главен извршен директор на ОКТА.

????????????????????????????????????

Мобилната лабораторија раководена од тим на независни контролори специјално обучен за оваа намена, спроведува редовни и ненајавени проверки низ целокупната малопродажна мрежа на ОКТА. Согласно програмата, тие прво изведуваат волуметарска проверка на автоматите за точење гориво. Следниот чекор вклучува квалитативна контрола односно одредување на специфичната густина и температура на испитуваното гориво. По ова се пристапува кон последниот дел од процедурата т.е. мострирањето. Мострирањето се состои од земање на примероци кои ќе служат за дополнителна проверка на квалитативните својства на горивата во соодветна акредитирана лабораторија. Анализите на квалитетот на горивата се вршат на самата бензинска станица, но и во лабораториски услови, со што се гарантира веродостојноста на примерокот и проверките.

Откако проверката ќе заврши и ќе се потврди квалитетот и квантитетот на горивата, автоматите за полнење гориво, се обележуваат со жолта лента за гарантирана количина на која пишува „Проверено”. Секоја бензинска станица што успешно го поминала тестирањето добива и сертификат.

Програмата продолжува да се имплементира и во наредниот период. Мобилната лабораторија заедно со тимот на независни контролори, континуирано и ненајавено ќе спроведува проверки низ целокупната малопродажна мрежа со брендот ОКТА.

????????????????????????????????????