Директорот на Агенцијата за млади спорт Марјан Спасески организираше прием за македонските таеквандо натпреварувачи, освојувачи на медали на турнирот од Г-1 категорија одржан во Солун. Имено ова е прв настап на Македонска репрезентација на турнир од ваков ранг, каде учесниците имаат можност да се запознаат со мега звезди, олимписки и светски прваци во таеквандо спортот. Висината на квалитетот на борачите ја обезбедува причината што на вакви турнири се собираат бодови за настап на олимписки игри. Македонските претставници го завршија настапот со четири медали што е одличен успех особено ако се работи за прв ваков настап.
„На мое големо задоволство денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт се претставниците на Таеквондо репрезентацијата на Македонија, која постигна одлични резултати на неодамна завршениот Г-1 турнир, кој се одржа во Грција. Одличен резултат имаше Иван Крстевски, кој во јуниорска конкуренција го освои сребрениот медал, а имавме и 3 бронзени медали. Според информациите кој ги добив, станува збор за еден од најсериозните и најтешките турнири, на кои учествуваа и Светски и Олимписки шампиони. Резултатите на нашите натпреварувачи покажуваат и докажуваат дека таеквондото во нашата земја е во голем подем и допрва ќе очекуваме уште поголеми резултати на меѓународната спортска сцена, од страна на нашите репрезентаттивци. Се надевам дека ваквите резултати ќе се пресликаат и на националниот тим и дека овој турнир ќе биде одлична подготовка за Европското кадетско првенство, кое ќе се одржи во Романија и за Светското јуниорско првенство, чиј домаќин ќе биде Канада. Агенцијата за млади и спорт во континуитет дава поддршка на Таеквондо федерацијата на Македонија, а годинава за меѓународната програма и за стручната работа на тренерите се доделени вкупно 750.000 денари. Дополнително, за реализација на проектот „Таеквондо за секого“ и годинава обезбедивме 40.000 денари. Очекуваме позитивни резултати и во следните меѓународни натпреварувања“, – истакна Спасески.
Иван Крстевски (-59 кг) во јуниорска конкуренција го заблежа најголемиот успех на Г-1 турнирите во таеквондо на натпреварувач од македонски клуб. Тој на Г-1 турнорот во Грција го освои сребрениот медал, а Филип Додевски, Ана Марија Георгиевска и Мери Ацевска бронзени.
Директорот Спасески го изрази задоволството од настапот на борачите потенцирајќи дека Агенцијата секогаш дава поддршка особено кога станува збор за настапи од репрезентативен карактер. Идниов период репрезентацијата во таеквандо ја очекува настап на три меѓународни првенства, Европското во Септември во Романија, Балканското првенство, но и Светско во Октомври во Канада.