Средба на претседателот Иванов со генерал Јозеф Бечвар, началник на Вооружените сили на Чешката Република

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими генерал Јозеф Бечвар, началник на Вооружените сили на Чешката Република, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, при што беше изразено задоволство од одржувањето на дијалогот на високо ниво во сите сфери од заемен интерес, за што потврда е минатонеделната официјална посета на претседателот на Чешката република, г. Милош Земан, на Република Македонија.

Претседателот Иванов го истакна значењето на поддршката што Чешката Република го дава за евроатланските интеграции на Република Македонија, и изрази очекување дека истата ќе продолжи и во наредниот период.

„Очекуваме конструктивна поддршка во претстојниот период и отворено лобирање од Чешка во рамките на НАТО за што поскоро ефектуирање на поканата за членство на Република Македонија во Алијансата”, рече претседателот Иванов на средбата.

Двајцата соговорници се согласија дека од заеднички интерес е и интензивирањето на соработката помеѓу двете армии, преку воспоставување на поголема динамика во областа на одбраната.

????????????????????????????????????