Кирил Миноски е новиот министер кој ќе раководи со Министерството за финансии. На оваа функција доаѓа од позицијата директор на Управата за јавни приходи.
Собранието на Република Македонија попладнево со 67 гласови „за“ и 19 „против“ за нов министер за финансии го избра Миноски, а тој веќе ја даде и ја потпиша свечената изјава.
Премиерот Емил Димитриев го предложи Миноски на местото министер за финансии по оставката од здравствени причини на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Инаку, Миноски е доктор на економски науки. Има 17-годишно искуство работа на финансии, управување со промени проектен менаџмент и човечки ресурси и 13-годишно искуство во работењето на една од водечки светски консултантски компании Booz Allen Hamilton во имплементација на повеќе донаторски проекти на УСАИД во делот на градење и развој на институциите на Република Македонија во економската сфера и создавање поволно деловно окружување.
Меѓу неговите активности вклучуваат директор на Управата за јавни приходи од 2015 година, претходно од мај 2014 до ноември 2015 година беше на позицијата директор на Државниот пазарен инспекторат. Бил директор на проектна единица фокусирана на обнова и изградба на 23 здравствени установи во РМ во секундрното здравство и изградба на Клиничкикот центар Скопје и Клиничката болница Штип, менаџер на компонента за извоз, проект за унапредување на инвестирањето и извозот на УСАИД од 2010 до 2013 година, менаџер на компонента за реформа на пазарот на трудот и пензиски рефори, проект на УСАИД за унапредување на деловното окружувње 2006-2010, менаџер за финансии и човечки ресурси – Проект за конкуреност на УСАИД од 2002 до 2006 година, заменик директор на Македонски банкарски проект на УСАИД од 2000 до 2002 година, менаџер на одделот за увоз во ОРКА Холдинг од 1997 до 1999 година.