Државниот секретар во Министерството за култура оствари работна средба со Амбасадорот на Албанија во Македонија

Во насока на унапредувањето на взаемните односи во културата беше истакнато дека взаемната соработка е интензивирана по 2005 година, а беше конкретизирана со Спогодбата за културна соработка …

Државниот секретар во Министерството за култура Бехиџудин Шехаби оствари работна средба со Aмбасадорот на Република Албанија во Република Македонија Фатос Река. На средбата , двајцата соговорници се согласија дека двете земји споделуваат заеднички интереси во областа на надворешно политичкиот план во рамките на Европската заедница и НАТО.

Во насока на унапредувањето на взаемните односи во културата беше истакнато дека взаемната соработка е интензивирана по 2005 година, а беше конкретизирана со Спогодбата за културна соработка меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Република Албанија потпишана во 2015 година.

На средбата беше истакнато дека се реализирани и ќе се реализираат бројни активности и во делот на културното наследство но и во останатите аспекти од културното живеење како ликовна, драмска, музичка и книжевната дејност како и низ обликот на реализација на други манифестации од заеднички интерес .

Двајцата соговорници се осврнаа и на заедничките активности како што е функционирањето на Музејот на албанската азбука во Битола кој претставува значаен објект каде е одржан еден од најзначајните настани за албанскиот народ, а воедно ќе се реализира реставрација на ентериерот, по проект изготвен од страна на стручни лица од Република Албанија. Оваа музејска поставка во наредниот период ќе биде збогатена со поставување на восочни фигури на значајни дејци од албанската историја проект кој е поддржан од Владата на Република Македонија. Амбасадорот Река истакна дека сите овие активности се во насока на унапредување на взаемните културни врски помеѓу двете земји.

Државниот секретар Шехапи, истакна дека во рамките на програмата за поддршка на проекти од национален интерес, само во 2016 година ќе се реализираат вкупно 14 културни активности од интерес на двете земји. На крајот Државниот секретар Шехапи на својот албански гостин му подари Монографија за културното наследство во Република Македонија.