Вo рамки на одбележувањето на Зелената недела на ЕУ, “Инвестирање за позелена иднина“, Општина Охрид во соработка со Делегацијата на ЕУ, утре со почеток во 11:30 часот во просториите на ЈОУДГ “Јасна Ристеска” организираат изложба на фотографии.
Фотографиите ќе бидат со еколошки мотиви од Охрид и охридскиот регион.
Целта на овој настан е зајакнување на јавната свест за потребите од зачувување на еколошките вредности на Охрид и охридскиот регион вклучително и Националниот Парк Галичица и Охридското Езеро, валоризација на биодиверзитетот и природните вредности и реткости како и едукација на најмалите за потребата од зачувување на животната средина.
Во рамки на проектот испечатени се и флаери со цел подобро запознавање со еколошките вредности на охридскиот регион и потребата од неговото идно сочувување и запознавање на најмалите со значењето од зачувувањето на животната околина и создавање на навики за висока еколошка свест.