Во понеделник, 20-ти јуни, на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ ќе пристигне првата група туристи од Брисел со туроператорот „Томас Кук“.
На пречекот на првата група туристи кои ќе допатуваат од Брисел ќе говорат претставници на ТАВ, туроператорот Томас Кук, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, како и на Локалната самоуправа во Охрид.