Поминаа точно две години откако PayPal „пристигна“ во Македонија. Но, дали овој сервис функционира за Македонците!? Да, доколку сакате да ставите пари од вашата картичка и да купувате или плаќате на интернет. Не функционира, доколку работите нешто преку интернет и сте заработиле одредена сума на пари кои сакате да ви бидат исплатени на вашата PayPal сметка, или пак доколку некој друг сака да ви префрли средства од негова сметка.
На тоа прашање, WebOhrid побара детално објаснение од страна на PayPal.
WebOhrid: Дали Македонците не можат да примаат средства на своите PayPal сметки?
PayPal: Ви благодариме што го контактиравте PayPal во врска со прашањето за примање на средства. Да, тоа е точно. Македонските PayPal сметки не можат да примаат средства преку PayPal.
WebOhrid: Што се случува доколку некој се обиде да префрли пари на некоја од македонските PayPal сметки?
PayPal: Доколку некој се обиде да ви пушти пари преку PayPal, вие нема да бидете информирани, туку на праќачот ќе му биде укажано дека не е во можност да испрати средства, поради земјата во која испраќа.
WebOhrid: Што препорачувате во врска со тоа?
PayPal: Можеме да ви ветиме дека работиме напорно за да ги усовршиме услугите со земјите со кои што работиме и кои моментално не можат да примаат средства, не се откажуваме лесно.
WebOhrid: Дали е можно тоа да се промени во иднина?
PayPal: Да, можно е во блиска иднина, доколку „e-commerce“ законите во вашата земја се променат во корист на клиентите, тогаш и Македонија ќе може да добива пари од продажби или едноставно од трансфер од други наши корисници. Тоа е нашата цел и ќе направиме се за да го овозможиме тоа.