При крај рокот за пријавување за програмата Час за приказни на англиски јазик

Пријавувањето за популарната едукативна програма за деца во Црвен крст Охрид, Children’s Story Hour – Час за приказни на англиски јазик за деца, е при крај!

Програмата е наменета за деца на возраст од 4 – 7 години каде на забавен и интерактивен начин, преку читање приказни, пеење песнички, изработка на креативни вежби и пред се, користење на англиска литература за деца од Англиската библиотека на Црвениот крст Охрид, децата го надградуваат и зајакнуваат знаењетo на англискиот јазик и ја развиваат емоционалната сигурност како и хуманоста и солидарноста од најмала возраст.

Часовите се одржуваат еднаш неделно во просториите на Црвен крст Охрид. Пријавувањето е во тек, најдоцна до 23-ти септември на телефон 046 262 706 или на е-маил адресата ohrid@redcross.org.mk.