Светски ден за борба против дезертификацијата

Во 1994 година, Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 17-ти јуни за Светски ден за борба против дезертификацијата (опустинувањето и сушата), за подигнување на јавната свест за ова прашање, како и спроведувањето на Конвенцијата на Обединетите нации за борба против дезертификацијата (UNCCD) во земјите кои се соочуваат со сериозни суши и/или опустинување, особено во Африка.

Оваа година Светскиот ден за борба против дезертификацијата се залага за важноста на инклузивната соработка за да се обнови и да се рехабилитира деградираното земјиште со што би се придонело за постигнување на општите цели за одржлив развој.

Мотото „Да ја заштитиме планетата Земја. Обнова на земјиштето. Да се вклучат луѓето.“ се однесува на важноста на сеопфатното учество и соработка во работите поврзани со постигнувањето на неутралност на деградираното земјиште.

WebOhrid