ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески се обидуваат да извршат уште еден грабеж на граѓаните на Република Македонија, кој најмногу ќе го почувствуваат туристичките работници во Охрид, обвини на денешната прес-конференција портпаролот и секретар на ОО СДСМ Охрид, Александар Кузески.
„Според измените и дополнувањата на Законот за авторски права и сродните права, од 10 Февруари 2016 година, приватните станоиздавачи на Здружението за заштита на авторските музички права (ЗАМП), треба да му исплатат износ од 6000,00 денари. Станоиздавачите веќе ги примија фактурите со што уште еднаш се најдоа на мета на криминалната власт на Никола Груевски. Приватните станоиздавачи во Охрид се револтирани од фактурите што ги добиваат. Тие велат дека таквите давачки веќе ги плаќале преку радиодифузната такса и кабелската телевизија. Тие со право прашуваат каде завршуваат тие пари. Од градоначалникот Бакрачески ни збор. Само молк. На штета на охриѓани, тој се обидува овој проблем да го стави под тепих. За Бакрачески поважно беше да го одбрани криминалот на градоначалникот на Битола, Владимир Талевски.“- истакна Кузески.
Како што рече тој, СДСМ најостро регира на ваквите потези и застанува во одбрана на приватните станоиздавачи во Охрид, со цел да се спречи уште еден невиден финансиски грабеж на голем број охриѓани.
„Трагедијата на ВМРО-ДПМНЕ сакаат да ја снајде и државата. Тоа е нивната цел зашто во неа единствено гледаат обид за спас на криминалната власт. Затоа цела Македонија е на нозе. Нема да има спас за криминалната власт. Правдата се враќа, секој што го прекршил законот ќе одговара.“– заврши Кузески.