Извлечени групите за СП 2017 во ракомет

Денеска на свечена церемонија Париз, извлечени беа групите за Светското Првенство што ќе се игра во Франција во јануари 2017 година.

Репрезентацијата на Македонија се најде во Групата Ц заедно со селекциите на Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и Ангола.

Најдобропласираните четири репрезентации од секоја група ќе го продолжат натпреварувањето. Еве го изгледот на сите групи:

Група А: Франција, Полска, Русија, Бразил, Јапонија, Норвешка
Група Б: Шпанија, Словенија, Македонија, Исланд, Тунис, Ангола
Група Ц: Германија, Хрватска, Белорусија, Унгарија, Чиле, Саудиска Арабија
Група Д: Катар, Данска, Шведска, Египет, Бахреин, Аргентина

Дополнително ќе биде објавено која група ќе се игра во кој град. Градови домаќини на натпреварите од групната фаза ќе бидат Париз, Руен, Нант и Мец, додека дел од елиминациските натпревари и Президент Купот ќе се играат во Лил, Албервил, Монпеље и Брест. Завршницата на Првенството, односно полуфиналните средби, натпреварот за 3 место и финалето, ќе се одиграат во Париз.