НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид / Народен театар Охрид, утре гостува Скопје на Меѓународен фестивал на комедијата „Гола Месечина” со претставата „Парламентарки“ во режија на Ненад Витанов.
Фестивалот го организира Општина Аеродром и Театар Комедија од 20 – 29 Јуни, на отворена сцена во спортски Центар во Ново Лисиче.
Претставата е рaботена по текст на Сашо Димоски, а според комедијата „Жени во Народното собрание“ од старогрчкиот комедиограф Аристофан.
Во претставата играат: Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Сашо Ристовски, Филип Кипровски, Павел Маслов, Елизабета Стефановска, Ивица Цонев.