Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,71%.
Ова го соопшти Регулаторната комисија за енергетика на РМ, а прилагодувањето е извршено соодветно поради намалувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 13.06.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,169 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 13.06.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 21,788 ден/кг.