Хиена нападна момче во Националниот парк Кругер во Јужна Африка

15-годишно момче се наоѓа во тешка здравствена состојба откако било нападнато од хиена додека спиело во својот шатор.

Немилиот настан се случил во Јужна Африка во познатиот Национален парк Кругер, каде што момчето било со неговото семејство, но спиело во одвоен шатор.

Според локалните медиуми, хиената го зграпчила момчето за лицето додека спиело и го извлекла од шаторот, при што освен рани, му скршила и неколку коски на лицето.

Момчето почнало да вреска при што се разбудиле и неговите родители, а за среќа, покрај водичот, во паркот имало и лекар, кои брзо реагирале.

Момчето итно е префрлено во Јоханесбург за пластична хирургија на лицето, како и операција на вилицата.

Хиената барајќи храна најверојатно пронашла отвор во оградата од кампот. По немилиот настан хиената побегнала.

Надлежните од паркот предупредуваат дека луѓето треба да бидат свесни дека околу нив се наоѓаат диви животни, така што мора да бидат сигурни дека шаторите им се затворени.

WebOhrid