Општина Охрид, упатува апел до сопствениците на пловните објекти истите да ги отстранат од брегот кај плажата „Сараиште“ со цел навремено средување на плажата која како и мината така и оваа година се очекува да е посетена од бројни охриѓани и туристи.
Плажата „Сараиште“ беше средена минатата година по налог на градоначалникот Никола Бакрачески, а на барање на жителите од стариот град. Делот од плажата наменет за сончање доби нов песок, а беа поставени и канти за отпадоци и клупи за седење. На плажата беа поставени две туш- кабини и соблекувални за капачите. За уредувањето и опремувањето на плажата „Сараиште“ ангажирани беа охридските јавни претпријатија. Претходно на просторот кај Сараиште наменет за спортување, Општина Охрид постави рефлектори и кош.
Од година во година плажата „Сараиште“ привлекува бројни посетители и капачи пред се жителите од овој дел, но и охриѓаните од останатите градски населби кои уживаат во езерското синило и сончевите зраци.