Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Васил Тупурковски и претседателот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Петар Наумовски денес потпишаа Договор за соработка со кој МОК, во следниот Олимписки циклус, интензивно ќе ја помога МКФ, пред се, во насока на обука на тренерскиот кадар. Овие проекти, за кои МОК веќе обезбеди финансиски средства во износ од 60,000 американски долари, ќе започнат да се реализират во 2016 година и се однесуват на обезбедување на следните проектни активности:
- Бранко Андриевски, координатор на младинските категории на МКФ, ќе престојува во Олимпискиот центар во Коларадо Спрингс (САД) и на Универзитетот Делавер, но и од блиску, директно ќе работи со водечките екипи од НЦАА со што ќе се здобие со потребните знаења кои мора да ги поседува еден врвен кошаркарски тренер. Истиот во 2017 година, ќе полага пред комисија на ИОК и ФИБА за добивање на тренерска диплома на ИОК, ФИБА и Американскиот олимписки комитет.
- Организација на Олимписки семинар за обука на тренери во младинска и сениорска категорија кој ќе го води Џакомо Браида, кошаркарски тренер од Италија, ФИБА експерт, кој во периодот 15-25 Јули 2016 година ќе работи со кошаркарските тренери од Македонија, во младинска и сениорска категорија, посебно во однос на унапредување на нивните знаење од областа на специјалната физичка подготовка.
- Финансиската конструкција за сите горенаведени активности во целост ќе биде покриена од страна на Македонскиот олимписки комитет. Горенаведените проекти се веќе одобрени од страна на ИОК и ФИБА кои изразија големо задоволство од квалитетот на доставените проекти како и од соработката меѓу МОК и МКФ.