На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, беа донесени следните одлуки:
– Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија разгледувајќи го предлогот од Судиската комисија на ФФМ до највисокото тело во федерацијата за зголемување на судиската такса за натпреварите од Прва и Втора лига, како и натпреварите од Купот на Македонија донесе одлука да се формира посебен фонд од кој ќе се исплаќаат надоместоците за отсудените натпревари во Прва и Втора лига, како и од Купот на Македонија за сениори од 1/6 финале до финалниот натпревар.
Дополнителниот надоместок од формираниот судиски фонд кој се обновува по многу години ќе го исплаќа Фудбалската федерација на Македонија. Клубовите нема да имаат обврска да исплаќаат парични средства за судискиот фонд. Една од целите во стратешкиот план на ФФМ е зголемување на квалитетот на судењето и ова е еден од чекорите во таа насока.
– Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ги потврди предложените судиски и контролорски листи за натпреварувачката сезона 2016/2017.
– Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го усвои извештајот за натпреварување помеѓу репрезентациите на Општинските фудбалски Сојузи.