Градоначалникот Бакрачески на ифтар вечера со сограѓаните од муслиманска вероисповед

Вчера на плоштадот кај Чинарот, градоначалникот Никола Бакрачески приреди Ифтар за граѓаните од муслиманската верисповед. Во пријатна атмосфера повеќе од 300 граѓани муслимани и бројни нивни пријатели христијани, споделија заедничка вечера, разменувајќи зборови на разбирање и чувства за заедничка припадност кон заедницата.

Iftar300620164852

На вечерата присуствуваа и дел од советниците и директорите на јавните препријатија, а забележитено беше и присуството на странски туристи. Градоначалникот Бакрачески истакна дека “идејата за ваквото организирање на Ифтарот заедно со Исламската верска заедница е овај настан да прерасне во традиција, за подобра комуникација, разбирање и сплотеност меѓу граѓаните на Охрид“.

Големиот Рамазански пост завршува на 5 јули кога граѓаните од муслиманската вероисповед го слават празникот Рамазан Бајрам.

Iftar300620164853