Македонската одбојкарска репрезентација повторно успеа да се пласира во финалето од Европската лига.
Во мошне возбудлив и тесен натпревар Македонија вчера успеа да ја совлада репрезентацијата на Австрија. Најпрво Македонија водеше со 1:0 (25:23), а Австрија успеа да изедначи на 1:1 во сетови (23:25) направи пресврт и дојде во водство од 1:2 (17:25). Македонија го доби четвртиот сет со 25:19 и изедначи на 2:2 по што се играше тај-брејк, а нашите одбојкари го добија тај-брејкот со 15:13 со што ја победија Австрија со 3:2 и обезбедија учество во финалето.
Денес во финалето со почеток од 17:00 часот Македонија ќе игра против Естонија.
WebOhrid