На 04.07.2016 година во 01.45 часот во Охрид на ул.„Коста Абраш“ поточно во кафе бар „Ликвид“, по претходно пријавен нарушен јавен ред и мир, од страна на полициски службеници од ПС-Охрид биле забележани две лица кои биле под дејство на алкохол и истите се однесувале агресивно. На барање на полицисиските службеници да се легитимираат лицата одбиле, а во еден момент и физички ги нападнале, по што од страна на полицисиски службеници врз лицата се употребени е средства за присилба – физичка сила, гумена палка и врзување со лисици.
Лицата се лишени од слобода и е утврдено дека се работи за М.М.(29) и М.Р.(25), двајцата од Поградец – Р.Албанија. На полицисиските службеници им била укажана лекарска помош при што се констатирани гребаници по телото, а кај странските државјани не се констатирани повреди. Лицата се задржани во ПС-Охрид за понатамошна постапка.