Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, упати честитка до припадниците на исламската вероисповед во општина Охрид.
„На сите сограѓани, припадници на исламската вероисповед, најискрено им го честитам големиот празник Рамазан Бајрам и им посакувам добро здравје, љубов, добрина и милосрдие. Во духот на вековната традиција, посакувам разбирање и меѓусебно почитување на универзални вредности кои ги поврзуваат луѓето и религиите. Взаемното почитување и славењето на празниците на различните верски заедници, се столб на градењето соживот и се завет дека тоа ќе го прават и идните генерации.
Празникот Рамазан Бајрам, нека Ви подари духовна сила и цврста волја кои следуваат по триесетдневниот рамазански пост и нека биде тоа голема радост за сите муслимански верници.Големиот ден нека Ви подари љубов, верност и мир, но нека биде и поттик за воспоставување на што подобри односи со блиските, пријателите и со сите луѓе со добра волја.Празнувањето, самоуверено и храбро да Ве води кон споделување на вистинските вредности на семејната блискост, љубовта и меѓусебното пријателство и со припадниците на другите вери и традиции. Нека Ви е честит и вековит празникот Рамазан Бајрам“ – се вели во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески до сограѓаните од муслиманска вероисповед.