Повеќе од 10 артисти ќе се запишат во програмата за 30 и 31 јули на плажата Парк во Охрид

GREEN BEACH FESTIVAL, грандиозниот фестивал на електронската музика и годинава е подготвен да ги пречека илјадниците фанови желни за незаборавна забава со врвните светски диџеи на брегот на плажата Парк во Охрид. Во организација на Password Production и Octopussy Entertainment, седмото издание на Green Beach Festival ќе се одржува два дена и со повеќе светски етаблирани артисти кои покрај претставниците на домашната електронска музичка сцена ќе ја предводат програмата на 30 и 31 јули.

Првиот светски познат гостин кој го потврди својот настап на 30 јули на Green Beach Festival е виртуoзот зад диџеј пултот и технички ненадминливиот англиски диџеј и продуцент JAMES ZABIELA. Вториот ден на фестивалот пак, во недела (31 јули) меѓу предводниците се запишуваат и ÂME – најпопуларниот германски проект кој ги освои светските подиуми со својата неприкосновена музичка продукција.

JAMES ZABIELA неуморно ги поместува границите на пуштањето музика со секој свој сет, а неговиот уникатен стил на презентирање на музика ќе имате можност да го слушнете на големата бина на Green Beach Festival. Неговата приказна во електронската музичка сцена започнува во 2000 година, кога на натпреварот Bedroom Bedlam организран од страна на магазинот Muzik, го освојува првото место користејќи го својот неприкосновен талент зад грамофоните. Како уникатен артист и концепт на пуштање музика тој го наоѓа своето место во агенцијата на светски познатиот диџеј и продуцент Sasha, каде што е до ден денес. Неговата стручност и вештини зад пултот му овозможуваат блиска соработка со најпознатиот бренд во електронската музичка сцена Pioneer. Со помош на неговите атрибути James Zabiela е заштитно лице на Pioneer, и ги тестира и презентира најновите технолошките достигнувања во диџејската опрема. Низ неговата густа агенда за 2016 година, која се простираше дури низ 5 континети од светот, успеавме да украдеме термин за да го донесеме ексклузивно на седмото издание на Green Beach Festival.

ВИДЕО: James Zabiela Boiler Room Mix

867de163-90b1-4c6d-9192-0caca8584995

Кога ќе го слушнете името ÂME веднаш ве обзема препознатливата хипнотизирачка мелодија на нивниот светски познат хит „Rej“. Иако се поминати години од издавањето на овој хит, работата во музичката продукција никогаш не е завршена за Kristian Beyer и Frank Wiedemann, односно Âme. Тие неуморно ги редефинираат и поместуваат продукциските стандарди во музчката сцена за неповторливо музичко доживување на подиумите ширум светот. Имајќи толку многу заеднички аспекти и визии кон музиката, нивниот пат во електронската музичка сцена со проектот Âme започнува во 2001 година. За кратко нивното експериментирање со музиката им носи конкретни изданија на култниот лејбл Sonar Kollektiv, каде што успеваат да го свртат вниманието на светската музичка сцена. Имајќи ја целосната слобода и инспирација во музичкото творење, Âme нема потреба да биде синоним за само еден стил во електронската музика и неуморно се впуштаат во нови музички авантури. Во 2005 година ја основаат етикетата Innvervisions, каде што се фокусираат не само на продукцијата, туку и на издавањето на музика која е иста со нивната движечка филозофија, односно ново и униктано музичко доживување. Веќе со широко отворени врати кон светот, дуото Âme е на мисија да го презентира концептот на лејблот Innervisions и секако нивниот модерен и уникатен звук.

ВИДЕО: ÂME – REJ (Original Mix)

Турнеите и гостувањата низ најдобрите клубови во светот ги етабелираат како еден од најбараните проекти на електронската музичка сцена, па така што со многу голем напор успеавме да најдеме слободен термин во нивната густо распоредена агенда за да го посетат Green Beach Festival и да ви ја овозможат најдобрата и незаборавна журка ова лето. Дека пред нас е уште едно значајно издание на Green Beach Festival кое долго ќе го паметиме потврдува листата на повеќе од 10 изведувачи за седмото издание кои наскоро ќе бидат објавени.

Билетите за Green Beach Festival со најповолните цени ќе бидат достапни во претпродажба веќе од петок (8 јули), а цените и сите дополнителни информации ќе бидат објавени утре.

50570ddd-1687-4118-860f-31ddb7c7a626