Известување за продолжување на решенијата за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување

Согласно законот за угостителска дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/2004, 89/2008) со кој се уредуваат условите и начинот на вршењето на угостителската дејност односно давањето услуги за сместување според член 33 став 1 важноста на Решението за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување трае 3 (три) години од денот на изготвувањето на истото.

Физичките лица кои согласно одредбите на овој закон вршат угостителска дејност се должни по истекот на важноста на Решението да поднесат ново барање за утврдување на минимално-техничките услови и продолжување на решението за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување.

Кон барањето се доставува

Пријава до Државен пазарен инспекторат за исполнети минимално-технички услови

Доказ за сопственост (имотен лист), или доказ за правото на користење, доколку се работи за селски домаќинства во кои се даваат услуги на издавање соби и апартмани и

Доказ за платена административна такса

БАРАЊЕТО се поднесува во Секторот за туризам и ЛЕР со седиште во просториите над УНИ банка (втор спрат).

За физичките лица кои издаваат легла во сместувачките капацитети, а немаат решенија за категоризација или важноста на истите е истечена, согласно законот за угостителска дејност (член 67) се преземаат прекршочни мерки.

Подетални информации на тел. 046/ 230 175