Голем пожар во куќа во Струга, зафатени уште осум куќи

Вчера околу 13:10 часот во Струга, на ул„Нико Нестор“ во куќа сопственост на Н.Б.(1959) настанал пожар во кој биле зафатени уште осум куќи.

Од страна на ТППЕ-Струга и Охрид, пожарот е локализиран. Повредени лица нема. Увид на местото на настанот поради немање на услови ќе биде извршен во текот на денешниот ден.