Ахмети – Нуланд: Решението на кризата се демократски избори

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска ја уверил Викторија Нуланд, помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, дека ДУИ е најконструктивна за наоѓање решение и за брзо постигнување компромис во актуелната криза во земјава, информираат од партијата.

Во соопштението на ДУИ пишува дека Ахмети и Нуланд, отворено и пријателски разговарале за начините како да се реши политичката криза во земјата и за враќање на евроатлантската агенда. Нуланд ја изразила проценката на САД за конструктивната улога на Ахмети кон постигнување решение, како и тесната соработка со американските власти.

„Овој компромис треба да резултира со сеопфатни, веродостојни и демократски избори што е можно поскоро“, рекол Ахмети.

Лидерот на ДУИ ја информирал Нуланд и за предлозите на ДУИ за прочистување на избирачкиот список и за медиумите, како и за потребата двете страни да се договорат дека се исполнети условите за избори, а потоа да се одреди датум за предвремени избори.

„Соочувајќи се со ризик од различни влијанија, Ахмети побара поддршка од Америка за следење на нашиот пат кон интеграцијата во НАТО и во ЕУ, при што Нуланд истакна дека тоа е заедничка цел“, се наведува во соопштението од партијата.

Извор: meta.mk