Светски ден на населението

Во 1989 година, во својата одлука 89/46, Управниот совет на Програмата за развој на Обединетите нации препорача дека 11 јули треба да се одбележи од страна на меѓународната заедница, како Светски ден на населението. Целта е да се фокусира вниманието на итноста и важноста на проблематиката на населението во контекст на целокупните развојни планови и програми, како и потребата да се изнајдат решенија за овие прашања.

Темата за оваа година е: „Инвестирање во тинејџерките“.

Тинејџерките од целиот свет се соочуваат со огромни предизвици. Многу од нив се сметаат дека се подготвени за брак и мајчинство од страна на заедниците или родителите. Многу од нив се спречени да одат во училиште, што им ги уништува нивните идни планови. Дури и кај девојчињата кои посетуваат училиште, може да биде тешко да се дојде до пристап до основните информации за нивното здравје, човековите права и репродуктивните права, оставајќи ги подложни на болести, повреди и експлоатација. Овие предизвици се поголеми кај маргинализираните девојки, како што се припадници на етничките малцинства или оние кои живеат во сиромаштија или во оддалечените области.

Сепак, кога тинејџерките имаат овластувања, кога знаат за нивните права и добиваат услови за успех, тие стануваат агенти на позитивни промени во нивните заедници.

WebOhrid