Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска по спектакуларното отворање на 56-то издание на фестивалот „Охридско лето“, синоќа оствари средба со ексклузивните гости кои ги освоија симпатиите на публиката на Античкиот театар, прочуената мецосопранка Елина Гаранча од Латвија и романскиот диригент Ион Марин.
Таа им го честиташе успешниот настап на нашиот најреномиран музичко-сценски фестивал и им подари карактеристични и впечатливи артефакти преку кои големите уметници ќе го чуваат споменот за Охрид и „Охридско лето“. На Елина Гаранча и подари накит со македонски рубин, додека на Ион Марин, приказ на сребрена пафта која е дел од нашето богато културно наследство.
И на двајцата ексклузивни гости, Канческа-Милевска им подари и примероци од фото-монографијата „Чудесна Македонија“ во која се прикажани убавините на нашата земја.