Кривична пријава за лице од Радолишта поради изнуда

НК КР Струга поднесе кривична пријава против А.И. (21) од с.Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „изнуда“.

На 05.02.2017 година пријавениот околу 00.30 часот на ул. „Пабло Неруда“ во Струга, пред ноќен клуб, додека пријавителот заедно со негов другар заминувале од клубот, движејќи се по улицата со своето возило, при разминување го допрел ретровизорот на друго паркирано ПМВ. Тој застанал со цел да види дали има направено штета, по што од страна на возачот на другото возило му било кажано дека нема проблем и дека никаква штета. Во тој момент од друго ПМВ излегол А.И. и се упатил кон него и без никаква причина почнал да му упатува закани и да му бара 1000 денари за штета на другото возило, а во случај ако не му исплати дека ќе има проблем со него и во еден момент од под јакната извадил метална шипка, со која се заканил дека ќе го нападне ако веднаш не исплати. Оштетениот му дал 1000 денари на пријавениот, кој се вратил во возилото и се упатил во непознат правец.