Јавното претпријатие „Нискоградба“, продолжува со изведување градежни активности од третата фаза на пешачката патека од Студенчишта до Горица. Се поставуваат цефки за одведуање на атмосферски води со пречник од Ф- 200 мм.
Во досегашните активности од третата фаза се поставени околу 500 метри атмосферска канализација комплет со сливници, а до завршување на оваа фаза остануваат за комплетирање уште 300 метри атмосферски одвод.