Невреме со дожд, град и ветер го зафати Охрид

Попладнево Охрид го зафати кратко невреме проследено со пороен дожд, град, ветер и грмежи.

Како што најавија од УХМР, во попладневните часови, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи, засилен ветер со услови за појава на град.

Според синоптичарите, повеќе врнежи ќе има во вечерните и во ноќните часови кон сабота, особено во северните делови од земјата, каде на одредени места се очекува да наврнат повеќе од 25 литри дожд на еден квадратен метар.

WebOhrid