Во црквата Св.Софија во Охрид, вечерва со почеток во 21:00 часот, концерт ќе одржи светски познатиот Аигета гитара квартет од Монте Карло.
На програмата ќе бидат дела од Ф. Карули, Ф. Лоли, О. Фотрат, Ж. Бизе, Р. Деланоф, А. Дел Фа.
Подемот на кариерата на квартетот „Аигета“ започнува во 1982 година, кога настапуваат со Филхармонискиот оркестар на Монте Карло, и оттогаш постојано се присутни на светската музичка сцена.
Ансамблот го сочинуваат четворица извонредни гитаристи – Франсоа Сони, Александре Дел Фа, Филипе Лоли и Оливер Фотрат, кои повеќе од 30 години ги оплеменуваат најпрестижните сали во Европа. Имаат издадено повеќе компакт-дискови, меѓу кои и еден со дела на познатиот американски џез-музичар и пијанист Бил Еванс, како и еден албум целосно посветен на нивните композиции. Редовни гости се и на некои од најпопуларните интернационални фестивали за гитара. Покрај дела од класичната музика, квартетот често изведува и дела од џез-музиката.