Прогласена тримесечна вонредна состојба во Турција

Во Турција е прогласена тримесечна вонредна состојба. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, синоќа ја донесе оваа одлука по неуспешниот воен удар.

Според неговата изјава, со ова демократијата не е загрозена, туку е со цел да се отстранат заканите.