Програмата на фестивалот Ohrid Calling, на кој ова лето ќе учествуваат светски познати музички имиња, во иднина, со поддршка на туристичките агенции, хотелиерите и Локалната самоуправа ќе се проширува. Ова беше речено на денешната средба на претставниците од Секторот за туризам и локален економски развој,туристичките работници и АВАЛОН продукција.
Во рамките на првото издание на фестивалот Ohrid Calling, во организација на Авалон продукција, на 1. Август на стадионот „Билјанини извори“ ќе настапи Ники Ромеро, на 13.август на Атички театар ќе настапи гитаристот Ал Ди Меола, а на 14.август на стадионот „Билјанини извори“ концерт ќе имаат славните Продиџи.
Од АВАЛОН продукција соопштија дека за ваквите големи музички настани интерес има не само во Охрид и Република Македонија, туку дека добиле најави за организирани посети од Србија, Бугарија, Косово и Албанија. Тоа според нив е добар показател и мотив за идната година со поддршка на охридските туристички агенции, хотелиерите и општина Охрид, фестивалот да се проширува и да се организираат повеќе големи музички настани во текот на шпицот на главната туристичка сезона.
Ако се има во вид дека Охрид е препознатлив бренд, со богата искорија и култура, природно богатство и многу настани, организирањето на фестивалот Ohrid Cаlling, како што беше речено на денешната средба, битно ќе ја подобри вкупната туристичка понуда.