Од 31ви август до 4ти септември во Скопје по деветти пат ќе се одржи „Гурманскиот викенд со пиво- Пиволенд“. Локацијата традиционално е на скопското Кале.
Посетителите ќе имаат можност да уживаат во дегустација на многу видови пиво, гурмански деликатеси како и во над 100 музички настапи на три фестивалски бини.
Од организацијата ветуваат пет дена забава, добра музика и многу пиво, како и голем број забавни активности кои ќе придонесат за подобра фестивалска атмосфера.