Директорот на БЈБ, Горанче Савовски во работна посета на прилепскиот регион

Директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Горанче Савовски вчера(21.07) беше во работна посета на прилепскиот регион, при што се сретна и разговараше со началникот на СВР Битола Методија Атанасовски.

Во рамки на посетата директорот на БЈБ оствари средба и со градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Затковски, кој донираше скутер за потребите на полициската станица во Кривогаштани.

DSCN0633(1)