Меѓународен „Фолклорен Мост“ во Струга

На платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, вечерва од 20.00 часот ќе се одржи меѓународната манифестација „Фолклорен Мост“.

Традиционално манифестацијата ќе почне со свечено дефиле на учесниците.

На годинашното издание на фестивалот ќе учествуваат фолклористи од Македонија и од земјите на Балканот, како и фолклорни групи од Полска.

Учесниците, преку песни и игри, ќе ги престават фолклорните традициии и културните особености на своите земји.

Folkloren-most

Извор:meta.mk