На веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК) до вторник, ќе бидат објавени имињата на 39.502 спорни гласачи во избирачкиот список. Тие при последната теренска проверка не биле пронајдени дома или за нив нема пронајдено повеќе записи во институциите.
ДИК ќе подготви упатства и формулар за пријавување, по што ќе објави јавен повик на својата страница, како и на страниците на дипломатско-конзуларните претставништва, за да може да прочитаат и оние македонски државјани кои живеат во странство.
Рокот за пријавување е 25 дена.
Овие нови задолженија ДИК ги презема по договорот на четирите политички партии и со измените во Изборниот законик.
Извор: meta.mk