Убавините на Охрид објавени во весникот Лос Анџелес Тајмс

Денес, во весникот Лос Анџелес Тајмс, објавени се неколку стории за Охрид, напишани од Марго Фајф, која го посетила Охрид во мај оваа година.

Во категоријата патувања, во првиот прилог „Go wild, civilly“ таа читателите најпрво ги запознава со историјата на Македонија, како крстопат на цивилизациите од Истокот и Западот низ времето. Потоа ја препорачува Македонија како безбедна и пријателска земја која вреди да се посети. Воодушевена е од природата, каде што и самата се уверила со неколку активности како што се пешачење, планинарење, лесно искачување по карпи, посета на пештери, а сето тоа поддржано од искусни и сертифицирани водичи.

Единствената забелешка која ја има таа е слабото познавање на англиски јазик на луѓето кои живеат надвор од градовите.

Во прилогот „Forever drawn to Ohrid“ таа на читателите им пренесува еден ден поминат во стариот дел од Охрид, почнувајќи од утринското кафе, посетата на културно-историските знаменитости, па се до вечерата со рибина чорба и риба на скара во охридските ресторани.

Марго Фајф (Margo Pfeiff) е контролор за квалитет (quality control), дописник и фотограф, добитник на многу награди. Има објавено многу публикации во: водичите на „Lonely Planet“, „Reader’s Digest“, „enRoute“ магазинот, „Canadian Geographic“, „The Walrus“, „Los Angeles Times“, „San Francisco Chronicle“, „the National Post“ и „The Globe and Mail“.

WebOhrid