Цариниците запленија 34 килограми марихуана

Вчера (24.07.2016 година) царинските службеници запленија 34 килограми марихуана на ГП Дојран.

Имено, на 24 јули 2016 година околу 16:30 часот на излез во Република Македонија на граничниот премин Дојран се пријави товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од лице македонски државјанин. При контрола на товарот во полуприколката од страна на царинските службеници пронајдени се две црни патни торби со вкупно 35 пакетчиња (20 пакетчиња во едната и 15 во другата торба) наполнети со непозната материја од растително потекло со зеленкаста боја и карактеристична миризба, завиткани со стреч фолија. Пакетчињата со непознатата материја и лицето се предадени на царинските инспектори од Одделението за истраги заради водење на понатамошна постапка.

Од спроведената предистражна постапка утврдено е дека непознатата растителна материја спакувана во 35 пакетчиња преставува опојна дрога – марихуана со вкупна нето тежина од 34 килограми.

Одделението за истраги презема понатамошни мерки и активности за откривање на сите лица инволвирани во кривично правниот настан. По комплетирање на сите докази ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство.