Вечерна богослужба за празникот Св.мч-ци Кирик и Јулита – Св.Богородица Болничка

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 27ти јули (среда), во црквата „Света Богородица Болничка“ – Охрид, со почеток 17:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот „Св.мч-ци Кирик и Јулита“.

28. јули 2016 година (четврток), со почеток во 7:30 часот ќе се служи празнична утрена богослужба па света боженствена литургија, по завршувањето на литургијата во дворот на црквата свештенослужителите ќе извршат свечен водосвет.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.