Заложничка драма во црква во Франција

Двајца мажи вооружени со ножеви, наводно, киднапирале две калуѓерки и неколку верници и ги држат како заложници во црква во францускиот град Рувреј, во близина на Руан. Според одредени медиуми, напаѓачите како заложници држат од четири до шест лица.

Пожарникари, заедно со специјални сили и припадници на единицата за антитероризам се наоѓаат на местото на заложничката драма. Францускиот канал „Ер-те-ел“ јавува дека неколку лица се повредени при нападот.

Засега нема официјални податоци. Локалните медиуми јавуваат дека верничка ја алармирала полицијата за инцидентот.

http://twitter.com/AlicePatalacci/status/757862405921730560/photo/1

Извор: meta.mk