Ристе Ристески со бесплатен концерт на плажа во Охрид

Момчето кое успеа да го освои сето внимание на дивата Јелена Карлеуша, но и да се избори пред сите препреки низ круговите во популарното регионално шоу „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески ќе одржи голем концерт во петок (29 јули) на плажата „Акапулко“ во Охрид.

Имено, по потпишаниот ексклузивен договор со продукцијата „Гранд“ на 9 години и исполнети сите обврски кон шоуто „Ѕвездите на Гранд“, Ристе одлучи да им се заблагодари на своите сограѓани кои несебично во текот на сите овие месеци му ја даваа својата поддршка со бесплатен концерт на плажа

„Сакам од срце да им се заблагодарам на охриѓани и цела Македонија за огромната поддршка која ја имав во „Ѕвездите на Гранд“. Овој концерт е за сите вас, за да ви покажам колку многу ми значите. Очекувајте многу новитети во наредниот период, напорно работиме за тоа. Ве сака Ристе“ – вели Ристе Ристески во својата покана.

Поради огромниот интерес, за настанот има организиран автобуски превоз до прекрасната плажа „Акапулко“ на која ќе се одржи големиот спектакл за кој се најавуваат многу изненадувања, а сето тоа во изведба на фантастичниот Ристе Ристески. Влезот на настанот е бесплатен, а повеќе информации можете да добиете на телефоните: 070 728 309 / 071 630 996 и на Фејсбук.