Светски ден на хепатитот 2016: Познавај го хепатитот–дејствувај веднаш

Познавај го хепатитот–дејствувај веднаш дали си под ризик?

Секој би можел да се најде под ризик од хепатит – ризиците се следниве: небезбедни инјекции и медицински постапки, пренос од мајка на дете, мебезбеден секс, интравенозна употреба на дрога.

Познавај го хепатитот- тестирај се – побарај лекување

Клучни пораки: Светски ден на хепатитот – 28 јули 2016 година

Познавај го хепатитот–дејствувај веднаш

Вирусната инфекција со хепатит е нашироко распространета -со заразени околу 400 милиони луѓе ширум светот – што е над 10 пати повеќе од бројот на заразени со вирусот ХИВ. На глобално ниво, од хепатит секоја година умираат по околу 1,4 милиони луѓе. Проценките се дека само 5% од лицата со хроничен хепатит знаат дека се заразени, а помалку од 1% имаат пристап до лекување.

Да, хепатитот може во целост да се спречи и да се излечи: за хепатитот Б постојат делотворни вакцини и медицински третмани, а над 90% од лицата со хепатит Ц може да се излечат со помош на медицински третман. Визијата за елиминирање на хепатитот како закана за јавното здравје до 2030 година може да се оствари доколку луѓето и државите погодени од оваа болест бидат подобро екипирани и им биде овозможено да го„познаваат хепатитот“ и да„дејствуваат веднаш“.

Познавај го хепатитот–дали си под ризик?

Секој може да биде под ризик од хепатит поради големината на глобалната епидемија (најмалку 10 пати поголема од епидемијата на ХИВ).

Инфекциите со хепатит Б и Цсе пренесуваат преку загадена крви загадени игли и шприцевиво објекти за здравствена заштита, како и меѓу лицата кои ја инјектираат дрогата во својот организам. Вирусите може исто така да се пренесат по пат на небезбеден секс и од заразена мајка на нејзиното новороденче.

Со подобра информираност и познавање на ризиците од хепатит, луѓето можат да спречат нивно заразување и пренесување на заразата на други. За ова да се постигне потребно е луѓето да се тестираат и да дознаат дали има потреба да се лекуваат.

Познавај го хепатитот–тестирај се

Зголемениот пристап до тестирање за хепатит е од клучно значење за зголемување на бројот на лекувани пациенти.

Проценките се дека 95% од лицата со хепатитне знаат дека се заразени, што делумно се должи на недоволна свесност за проблемот и до недоволен пристап до услуги на тестирање за хепатит во државите.

СЗО ќе ги објави своите први упатства за тестирање за хепатит во 2016 година. Упатствата ќе обезбедат насоки за тоа кој треба да биде тестиран и ќе препорачуваат едноставни стратегии за тестирање со кои ќе им се помогне на државите во напорите даго зголемат бројот на лица кои биле тестирани и лекувани од хепатит.

Познавај го хепатитот–побарај лекување

На глобално ниво, повеќето луѓе на кои им е потребно лекување не биле лекувани од хепатит, што во најголем дел се должи на недостиг на свесност и недоволен пристап до услуги на лекување за болните од хепатит.
Над 90% од заразените со хепатит Ц можат да бидат целосно излечени од вирусот во рок од 3–6 месеци.

Соодветното лекување на хепатитот Б и Ц може да спречи појава на главните животозагрозувачки компликации на заболувањето на црниот дроб од типот на цироза и рак на црниот дроб.

Што можете да сторите: Светски ден на хепатитот 2016

СЗО ги повикува креаторите на политики, локалните власти, граѓанското општество, јавноста и медиумите да работат на подигнувањe на свеста и да ги поттикнуваат граѓаните да го ПОЗНАВААТ ХЕПАТИТОТ и да ДЕЈСТВУВААТ ВЕДНАШ! Еве неколку идеи за тоа што можете да направите.

Дознајте дали во вашата земја има национално контакт-лице за хепатит. Ако нема, охрабрете го вашето Министерство за здравство да назначи такво лице, или побарајте од некоја невладина организација да го стори тоа бидејќи ова е прашање од клучна важност!

Охрабрете ги националното контакт – лице за хепатит, Министерството за здравство и партнерите да го одбележат Светскиот ден на хепатитот 2016 под следнава тема: Познавај го хепатитот – дејствувај веднаш.

Организирајте настани (на пр. спортска активност, забавна трка/прошетка, концерт, настан за собирање парични средства) за подигнување на нивоата на политичка поддршка и јавна свест.

Разговарајте со здравствени професионалци и интересовни групи како на пример лекари, медицински сестри, групи на пациенти и граѓанското општество – одржете работилница на која би се разговарало за хепатитот и ризиците и би се мобилизирале релевантните структури за дејствување.

Разговарајте со медиумите, одржете конференција за печатот или извршете притисок врз телевизиски и радио станици дао бјават интервјуа со водечките функционери на Министерството за здравство и националните партнери; подигнете го нивото на публицитет и обезбедете темата вирусен хепатит да биде видлива.

Одржете јавен настан со тестирање за хепатит. Поканете ги највисоките раководители во државата од типот на претседател, премиер, министри, јавни личности и реномирани уметници да се тестираат за хепатит. Ова ќе ги охрабри и другите граѓани да го сторат истото. Јавното тестирање (при што резултатите ќe се држат во тајност) добро се покажа во случајот на кампањите против ХИВ/СИДА.

Промовирајте и споделувајте комуникациски материјали изготвени од страна на Светската здравствена организација и прилагодете/преведете ги така што да одговараат на вашата целна група.

Изгответе листа со факти за вашата земја која ќе содржи и некоја национална или локална успешна приказна. Доколку е можно, внесете и проценки за бројот на заразени со хроничен хепатит Б и Ц, за главните патишта на пренос на хепатитот Б и Ц и опишете што прави државата по ова прашање. Ваквата листа со факти може да биде одличен извор на информации што ќе се користат за пропагандни цели.