Во просториите на Македонскиот олимписки комитет се одржа церемонијата за свечено испраќање на македонската олимписка делегација, која ќе учествува на летните Олимписки игри Рио 2016.
Македонските спортисти ќе настапат според следниот распоред:
1. Нина Балабан – Спортско стрелаштво 10 м. Воздушна пушка. Настапува на 6 Август во 8:30 часот (локално време)
2. Анастасиа Катерина Богдановски – Пливање 200 метри слободно. Настапува на 8 Август во 13:02 часот (локално време)
3. Катерина Николоска – Џудо – 63 кгр. Настапува на 9 Август во 10:00 часот (локално време)
4. Марко Блажевски – Пливање 200 метри мешано. Настапува на 10 Август во 14:14 часот (локално време)
5. Ристе Пандев – Атлетика 100 метри. Настапува на 13 Август во 9:30 часот (локално време)
6. Дрита Исљами – Атлетика 400 метри со пречки). Настапува на 15 Август во 21:30 часот (локално време)
Македонското знаме на церемонијата на отварање на игрите ќе го носи Анастасиа Катерина Богдановска (пливање).
Македонската олимписка делегација во Рио ќе пристигне во раните утрински часови на 3 Август, додека еден односно два дена подоцна ќе им се придружат и Анастасиа Катерина Богдановски (Балтимор, САД) со својот тренер Ерик Посеги, како и Марко Блажевски (Шарлот, САД).
Дел од ЛОИ Рио се и судиите Зоран Поповски (Тенис), Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (Ракомет) како и ИХФ делегатот, Драган Начевски (Ракомет).