Светот во мало – мултикултурен ден на УИНТ

На универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ се одржа вториот по ред „Мултикултурен ден“.

Бидејќи една од главните карактеристики на УИНТ е мултикултурната средина и разновидност, една од главните цели на овој настан е подигањето на јавната свест за потребата од прифаќање и почитување на разликите, следејќи го примерот на УИНТ.

На мултикултурниот ден повеќе од 20тина претставници од ги презентираа особеностите на земјите од каде доаѓаат, започнувајќи од традиционалните обичаи, нивниот  јазик, храна, музика, танц и традиционална облека.

Своите особености ги презентираа студентите и професорите на Универзитетот од Италија, Монголија, Индонезија, Нигерија, Индија, Гана, Кина, Камерун, Турција, Молдавија,  Шри Ланка, Египет, Танзанија, Пакистан и Виетнам, претставувајќи го културноторазличје кое е дел од секојдневието на УИНТ.

„Пред се, огромна чест и задоволство е да се биде дел од една прогресивна институција како Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, која на своите меѓународни студенти им овозможи да го претстават своето културно наследство во рамките на еден уникатен настан, портретирајќи го светот како глобално село. Се надевам дека оваа иницијатива во иднина ќе прерасне во традиционална манифестација, која ја заслужува нашата и ваша поддршка“– изјави Емануел Дукер, студент од Гана, Африка.

30% од студентите на Универзитетот „Св. Апостол Павле“  се меѓународни студенти кои доаѓаат од различни земји ширум светот.