Успешно завршен меѓународниот Турнир во гаѓање со воздушно оружје „Илинден2016“

Во организација на СК „Охрид“ и Општински стрелачки сојуз „Охрид“ викендов на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид се одржа традиционалниот Турнир во гаѓање со воздушно оружје „Илинден2016“. На турнирот учествуваа повеќе од 30-тина стрелци од стрелачките клубови СК „Санел“ од Сандански, СК „Пирин“ од Благоевград, СК „Врање“ од Врање, како и клубовите од нашата земја СК „Велес“ од Велес, СК „Херој Прилеп“, од Прилеп и СК „Охрид“ од Охрид.

Топло добредојде на гостите им посака Заменик Претседателот на ОСС „Охрид“, Фене Костадинов, а натпреварот за отворен го прогласи Претседателот на Сојуз на спортови на Охрид, Коста Карадимче.

Еве ги и резултатите на нашите стрелци:

Второ место во категорија мажи му припадна на Михаил Шишкоски со резултат од 399,7 кругови (се гаѓаше 40 дијаболи, а оценуванњето беше на децимали)

Второ место и за нашата Мартина Петровска во конкуренција на жени, со резултат од 397,7 кругови

Во екипен пласман, екипата на СК ,,Охрид, која беше во мешан состав (Михаил Шишкоски, Мартина Петровска и Стефани Ефтимовска) го зазеде третото место со резултат од 1148,5 кругови.