Во охридското село Елшани, утре на 2ри август ќе се одржи третото издание на културно-забавната манифестација „Илинденска вечер во Елшани“.
За оваа година, предвиден е настап на културно-уметничкото друштво „Филиграни“ од Охрид и пејачот Спасен Силјаноски од Кичево.
„Со организацијата на вакви настани сакаме да ја збогатиме културната и туристичката понуда на Елшани, а истовремено да ги промовираме неговите посебни вредности пред гостите од Македонија и од целиот свет, “- велат од Месната заедница на Елшани.
Во чест на верскиот празник Свети Илија ќе се служи и света божествена литургија, со која ќе чиноначалствува парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски.
Манифестацијата е насловена „Илинденска вечер во Елшани“, во спомен на двата Илиндена од 1903-та и 1944-та, кога активно биле вклучени многу елшански семејства, како и поради тоа што на овој датум се одбележува верскиот празник и патрон на селото, Свети пророк Илија, чија слава ја чествува секое елшанско семејство.
Почетокот на манифестацијата е во 20 часот.